Голчиште на Шаќири, Песина ги „крена“ Италијанците!

Голчиште на Шаќири, Песина ги „крена“ Италијанците!

пред 3 години

Џердан Шаќири покажа дека не го загубил чувството за шут и покрај малата минутажа која оваа сезона ја добиваше во Ливерпул, постигнувајќи фантастичен гол за да го зголеми водството на Швајцарија над Турција на 2:0.

Спектакуларно.

Во Рим пак, Италија успеа да стигне до 1:0 водство против Велс, откако по еден невнимателен фаул на работ на шестнаесетникот во 39. минута, Марко Верати совршено го најде Матео Песина за водство.

Во оваа ситуација, Италијанците се сигурно први во групата А со 9 поени, а Велшаните засега остануваат втори бидејќи имаат подобра гол-разлика од Швајцарците (3:2 во однос на 3:4).

Share
Scroll to Top