Остануваат уште малку непознати противници за Македонија

Остануваат уште малку непознати противници за Македонија

пред 2 години

Пред последниот ден од квалификациите за СП во Катар во 2022 во Европа, има малку непознати околу тоа кои се патниците на Мундијалот, а кои ќе бидат потенцијални противници на Македонија во баражот.

Билети за Катар веќе визираа Белгија, Хрватска, Данска, Англија, Франција, Германија, Србија, Шпанија и Швајцарија, а последното директно место ќе се одлучи утре помеѓу репрезентациите на Холандија, Норвешка и Турција во групата Г.

Во бараж покрај Македонија се доста моќни репрезентации – Италија, Холандија, Полска, Шкотска, Русија, Португалија, Шведска и Австрија (преку Лигата на нации), како и Велс и Чешка, кои покрај тоа што се во иста група, имаат и „билет“ преку Лигата на нации.

За последните две места во баражот ќе се борат Финска и Украина утре во групата Д зад Франција, како и претходно споменатите Холандија, Норвешка и Турција.

Ждрепката, да потсетиме, на програмата е на 26 ноември. Македонија ќе биде во групата на „неносители“, така што во полуфиналето (еден меч) ќе се бори со најдобрите шест првопласирани, а засега тоа се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Полска. Потоа се игра и финале, од кое победникот оди на СП.

Share
Scroll to Top