Гранада во висок стил обезбеди четвртфинале во Копа дел Реј

Гранада во висок стил обезбеди четвртфинале во Копа дел Реј

пред 3 години

Членот на Ла Лига, тимот на Гранада со убедливи 6-0 славеше нагости кај третолигашот Навалкарнеро во осминафиналето на шпанскиот Копа дел Реј.

За само 34 минути гостинскиот тим стигна до недостижни 0-4 благодарение на погодоците на Санчез (9), Соро (24), Феде (32) и ветеранот Солдадо во 34 минута.

Во второто полувреме, во Фалкиер во 72 и Молина во 78 минута беа стрелци за конечни 0-6 за фаворитот на овој меч.
Синоќа Барселона обезбеди влез во топ 8 екипите во Купот на Шпанија, а вечерва се игра уште една средба од осминафиналето на Копа дел реј, Алкојано, тимот што го елиминираше Реал Мадрид е пред нов предизвик што се вика Атлетик Билбао.

Share
Scroll to Top