Славниот холандски фудбалер, Едгар Давидс, доби црвен картон на своето деби како тренер на португалскиот третолигаш Олханенсе. Тимот на Давидс одигра без голови против Луситана.
Давидс познат во фудбалскиот свет под прекарот „Пит бул“, се уште е темпераментна личност. Фудбалерите на Олханенсе и Луситана влегле во физичка пресметка, а во целата мешаница веднаш се вмешал и Давидс.
Судијата најпрвин го исклучил неговиот фудбалер Лелек, а потоа и нему му покажал црвен картон.
Поранешниот холандски репрезентативец решил да не дава изјави во врска со овој инцидент.