Давид Силва со прва асистенција, Сосиедад се нови лидери на Ла лига!

Давид Силва со прва асистенција, Сосиедад се нови лидери на Ла лига!

пред 4 години

Реал Сосиедад се „созедоа“ и со 4:1 го совладаа новиот прволигаш Уеска, за да се искачат на првото место во шпанската Ла лига по седум кола. Со четири победи во седум меча, клубот од Сан Себастијан има 14 поени, еден повеќе од Реал Мадрид и Гранада, кои остануваат на 13, но со меч помалку.

Микел Ојарзабал ги донесе Сосиедад во водство со гол од пенал во 35. минута, но гостите израмнија на стартот на второто полувреме преку Рафаел Мир. Ојарзабал повторно стрелаше во 54. минута, по што Порту (69. минута) и Александер Исак (75. минута) по асистенција на повратникот во Ла лига, Давид Силва, го потврдија триумфот на домашниот клуб.

Гранада го „заддржа“ изненадувачкото темпо со водечките клубови, откако со гол од пенал славеше на тешкото гостување кај Хетафе со 0:1.

ЛА ЛИГА, 7.КОЛО

Валјадолид – Алавес 0:2

Кадиз – Вилјареал 0:0

Хетафе – Гранада 0:1

Реал Сосиедад – Уеска 4:1

Share
Scroll to Top