Далас Каубојс и понатаму се најскапиот клуб во светот на спортот, објави „Форбс“ во својата редовна годишна листа.
Најпопуларната НФЛ франшиза, според „Форбс“ има вредност од 5,7 милијарди долари. Сопственикот на Каубојс, Џери Џонс, ја купи франшизата во 1989 година за 150 милиони долари.
Следуваат две франшизи од Њујорк, бејзбол тимот на Јенкис (5,25 милијарди долари) и НБА тимот, Никс (5 милијарди долари).
Четврото место го делат шпанските фудбалски великани Реал и Барселона. Според „Форбс“, вредноста на овие клубови изнесува 4,7 милијарди долари. Иста вредност како фудбалскте клубови има и НБА франшизата Голден стејт Вориорс.
На седмото место се ЛА Лејкерс (4,6 милијарди долари), осми и деветти се НФЛ франшизите, Њу Ингладн Петриотс (4,4) и Њујорк Џајнтс (4,3).
Листата завршува со фудбалските клубови Баерн Минхен и Манчестер јунајтед (4,2 милијарди долари).
И покрај големата финансиска криза 50 клубови ја зголемиле својата вредност, во просек за 9,9 отсто.
Изминатите пет години најмногу профитирал ПСЖ. Од 2016 година вредноста на клубот се зголемила за неверојатни 207 отсто. Следуваат Ливерпул, чија предност пораснала за 165 и Манчестер сити чија вредност е поголема за 108 отсто.