Дали Мбапе се откажа од трансфер во Реал Мадрид?

Дали Мбапе се откажа од трансфер во Реал Мадрид?

пред 3 години

Иако околу неговата наводна желба да заигра за Реал Мадрид постоеја многу шпекулации, последната порака од Килијан Мбапе ги разочара навивачите на „кралевите“, откако Французинот најави дека сака да освојува титули со Пари Сен-Жермен.

Мбапе има договор со ПСЖ само до крајот на следната сезона и неколку пати ја одби понудата да го продолжи договорот со богатиот клуб, но сега најавата во клупскиот магазин на ПСЖ кажува поинаква приказна. Во разговор со својот соиграч Нејмар, Мбапе јасно ја кажа својата цел.

„Најголемиот сон останува да се освои Лигата на шампиони со Пари-Сен Жермен и сите работиме на тоа“, изјави Мбапе.

Од друга страна наместо засилувања на „Сантијаго Бернабеу“ (кој уште се реновира) можеа да видат заминувања од тимот – капитенот Серхио Рамос замина бесплатно токму во ПСЖ, а Рафаел Варан беше продаден на Манчестер јунајтед.

Share
Scroll to Top