Данска на чекор до пласман во полу-финалето на ЕУРО 2020

Данска на чекор до пласман во полу-финалето на ЕУРО 2020

пред 3 години

Данска и Чешка, во Баку, го играат третиот четврт-финален натпревар на Европското првенство. Данска 45 минути ја делат од пласман меѓу најдобрите четири репрезентации на турнирот.

По првиот дел Данците водат против Чекша со 2:0.

Данците првиот гол го постигнаа во раната фаза на натпреварот. По корнерот на Стригер Ларесен, во петтата минута, Чесите го заборавија Дилејни, кој стана сам на 10 метри од голот и ја проследи топката зад грбот на Вацлик.

Интересно корнерот од кој поведоа Данците воопшто и не беше корнер. Последен со топката играше еден од играчите на Данска, меѓутоа Кујперс и неговиот помошник доделија корнер за Данска.

Осум минути подоцна Домсгард не зицер, Вацлик му влезе во шутот и го одбрани неговиот удар.

Потоа Чешка ја презеде контролата, создаде неколку опасни напади, меѓутоа без конкретна закана кон голот на Шмахјел.

Во 38.минута, пресликана акција од 13.минута и повторно Вацлик беше поуспешен од Домсгард.

Четири минути подоцна, Меле нафрли од левата страна, а Долберг ја закова топката во голот на Чешка.

Share
Scroll to Top