Данците и Белгијците ќе му аплаудираат на Ериксен

Данците и Белгијците ќе му аплаудираат на Ериксен

пред 3 години

Натпреварот помеѓу Данска и Белгија, во Копенхаген ќе биде прекинат. Репрезентативецот на Белгија, Ромалу Лукаку, на новинарите им открил, дека дуелот ќе биде прекинат во 10.минута, во чест на Крстијан Ериксен.

Играчите на двете селекции ќе му аплаудираат на Ериксен, кој на претходниот меч со Финска, колабираше на теренот во 43.минута. Лекарите, го реанимираа на теренот неколку минути и успеаја да го спасат. Потоа тој беше префрлен во болница, каде се уште се наоѓа. Неговата здравствена состојба е стабилна.

„Ќе ја исфрлиме топката надвор од теренот во 10.минута и ќе аплаудираме. Тоа ќе биде наша поддршка за Крис“, рекол соиграчот на Ериксен од Интер, Лукаку. Тој открил дека поради ковид-протоколите не му било дозволено да го посети Ериксен.

Натпреварот Данска-Белгија ќе започне во 18 часот.

Share
Scroll to Top