Дарио Срна донирал 15 тони мандарини за болниците во Хрватска

Дарио Срна донирал 15 тони мандарини за болниците во Хрватска

пред 3 години

Поранешниот хрватски фудбалер, Дарио Срна донирал 15 тони мандарини за болниците во Загреб, Сплит и Осиек.

„Во овие времиња со многу предизвици, кога сите се соочуваме со ковид-кризата, важно е секој со своите можности да биде поткрепа за оние на кои најмногу им е потребно“ се вели во соопштението.

Освен овошјето, дел од донацијата се и дезинфекциски средства, уреди за мерење температура и опрема за медицинските лица.

„Дарио Срна и фирмата `ЕННА фрут` со оваа донација сакаат барем малку да им помогнат на оние на кои им е најтешко за што побрзо сите заедно да излеземе од оваа ситуација“ се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top