Две години од славната пресметка Хабиб-Конор, има ли шанси за римеч?

Две години од славната пресметка Хабиб-Конор, има ли шанси за римеч?

пред 4 години

Пред точно две години УФЦ федерацијата го организираше својот најголем меч во историјата, кога на УФЦ 229 се сретнаа лутите ривали Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор, по неколку месеци провокации, четири еднострани рунди во кафезот и хаос и општа тепачка по крајот.

Хабиб-Конор останува најгледаниот УФЦ меч во историјата, кога во четвртата рунда Мекгрегор се предаде откако Русинот го имаше фатено за врат. Хабиб се качи на кафезот и ги нападна членовите на тимот на Мекгрегор, додека членови на неговиот тим го продолжија нападот на Мекгрегор во кафезот. Грдиот инцидент беше осуден од сите, следуваа казни и остри зборови, најави за римеч, но ништо конкретно.

Нурмагомедов и Мекгрегор имаа по само еден меч оттогаш, а надежите за нова пресметка никогаш не беа отстранети и покрај „пензионирањето“ на Мекгрегор. Секако, главен проблем се парите…

Share
Scroll to Top