Дешам за враќањето на Бензема: Да бидеме искрени, тоа не е сериозна работа

Дешам за враќањето на Бензема: Да бидеме искрени, тоа не е сериозна работа

пред 3 години

Дидие Дешам уште еднаш потврди дека нема да го врати Карим Бензема во француската репрезентација и покрај тоа што Мишел Мулан, претседателскиот кандидат за Француската фудбалска федерација (ФФФ) изјави дека ќе му „нареди“ на Дешам да го направи тоа.

Бензема не е кај „триколорите“ од ноември 2015 по скандалот со Матју Валбуена, и неодамна Дешам изјави дека уште не му простил за тоа што го нарекол расист. За плановите на Мулан, во интервју за „Ле фигаро“, Дешам вели дека се смешни и дека ако сака да го крои тимот нека се кандидира за местото селектор.

„Да бидеме искрени, тоа не е сериозна работа. Тоа се луѓе кои сакаат да се зборува за нив. Ги прочитав неговите изјави и ќе одговорам, иако знам дека со тоа ќе ја хранам медиумската машина. Тој господин треба да се кандидира за позицијата селектор, а бидејќи ги има дипломите, има шанси да ме замени“, вели Дешам.

Тој додава дека репрезентацијата игра фантастично и без Бензема, бидејќи Франција е актуелен светски шампион.

„Секогаш ги носам одлуките со совест за доброто на француската репрезентација. Видете ги нашите напаѓачи, можеби никогаш не сме имале таква ефикасност како сега. Тоа се факти, иако малкумина ги споменуваат“, објаснува селекторот.

Ветување за враќање на Бензема во француската репрезентација

Share
Scroll to Top