Кевин де Брујне покажа дека е еден од најневеројатните фудбалери во Премиерлигата, постигнувајќи четири гола за да ги предводи Манчестер сити до 5:1 победа на гостувањето кај Вулверхемптон и јасно да му прати порака на својот иден клупски колега Ерлинг Халанд со копирање на неговата прослава.
Со победата, Сити се враќа на три поени пред Ливерпул на врвот на табелата, на само два меча пред крајот на сезоната.
Де Брујне го отвори резултатот уште во седмата минута, по што прославуваше во стилот на норвешкиот напаѓач, Халанд, но „волците“ одговорија само четири минути подоцна кога Лео Дондекер израмни на 1:1. Ова како да го мотириваше Белгиецот, кој го комплетираше својот хет-трик за 24 минути, постигнувајќи голови во 16. и 24. минута, пред во 55. минута да го даде и својот четврт гол. Рахим Стерлинг во 84. минута само го потврди убедливиот триумф.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
ПРЕМИЕРЛИГА, 32.КОЛО
Вулверхемптон – Манчестер сити 1:5
Лестер – Норич 3:0
Вотфорд – Евертон 0:0