Де Хеа ќе замине, Хендерсон ќе биде број 1 во Јунајтед?

Де Хеа ќе замине, Хендерсон ќе биде број 1 во Јунајтед?

пред 4 години

Манчестер јунајтед се подготвени да го продадат Давид де Хеа ова лето и да го направат Дин Хендерсон нов број 1 голман на „Олд Трафорд“, тврди британскиот „Дејли мирор“.

„Ѓаволите“ се подготвени на ваков потег бидејќи 30-годишниот Де Хеа го има најбогатиот договор во Премиер лигата со неделна плата од 350.000 фунти, кои претставуваат голем товар и за  буџетот на богатиот клуб, посебно бидејќи Шпанецот има уште две години од договорот.

Порано сметан за најдобриот фудбалер на Јунајтед, бројот на грешки и „киксови“ на Де Хеа се зголеми последните сезони, а Хендерсон, кој потпиша нов шестгодишен договор (со 120.000 фунти неделна плата) минатата година, е доволно сигурен за Солскјер.

Покрај Де Хеа, на Јунајтед му се случува „бегање“ на голманите. Аргентинецот Серхио Ромеро веќе доби дозвола последните месеци од договорот да ги помиен во својата татковина, додека третиот голман Ли Грант и Џоел Переира, кој е на позајмица во Хадерсфилд имаат договор до крајот на сезоната.

Share
Scroll to Top