Диего Коста по 19 меча и освоена титула си замина од Атлетико Минеиро

Диего Коста по 19 меча и освоена титула си замина од Атлетико Минеиро

пред 2 години

Поранешниот напаѓач на Челси и Атлетико Мадрид, ветеранот Диего Коста си замина од бразилскиот Атлетико Минеиро по само 19 одиграни натпревари, во кои постигна пет гола и ја освои бразилската титула.

33-годишниот шпански репрезентативец со бразилско потекло, се договорил со клубот за спогодбено прекинување на договорот, откако во август 2021 дојде од Атлетико Мадрид и потпиша договор до декември 2022.

Според шпанските медиуми, најверојатно е негово враќање во Ла лига, каде што Кадиз и Селта Виго се заинтересирани за него.

Share
Scroll to Top