Динамо го победи Хајдук па се пожали: Го храниме цел хрватски фудбал, а не ограбуваат

Динамо го победи Хајдук па се пожали: Го храниме цел хрватски фудбал, а не ограбуваат

пред 4 години

Динамо Загреб со пресврт успеа да го совлада Хајдук со 3:1 на „Максимир“, но и покрај овој резултат, од хрватскиот шампион стигнаа само осуди за Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), судијата Марио Зебец, посочувајќи дека тие го „хранат целиот хрватски фудбал“.

Иако пред само неколку дена по победата над Горица од клубот објавија дека нема да ги коментираат судиите бидејќи „веруваат во системот“, но сега реакцијата беше лута.

„Господа од ХНС, доста е! Во Хрватска има клуб кој не плаче, не се жали. Ќути, трпи, игра и победува. И го храни цел хрватски фудбал, финансиски, играчки, на сите можни начини. 14 играчи на Динамо ви овозможија удобен живот следните неколку години со освоеното сребро во Русија. А ни се враќа со најмонструозниот обичен грабеж“, се вели во реакцијата на „модрите“.

Share
Scroll to Top