Добри вести за Клоп, Диого Жота се врати во тимот

Добри вести за Клоп, Диого Жота се врати во тимот

пред 3 години

Малку добри вести и за менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Крилниот напаѓач Диго Жота, се врати во тимот, по пауза од два месеци.

Португалецот, го повреди коленото, на почетокот на декември, на натпреварот против Митјиланд во Лигата на шампионите. Поради повредата тој пропушти 17 натпревари.

Ливерпул се наоѓа во лоша серија, имаат четири порази во низа, а на последните 11 натпревари забележале само две победи.

Серијата на лоши резултати го оддалечи тимот на Клоп, од борбата за местата што водат во Лигата на шампионите. Ливерпул се шести на табелата со пет бода помалку од четвртопласираните Вест Хем.

До повредата, Жота, беше еден од најдобрите играчи во тимот, на 17 натпревари постигна девет гола.

Диого Жота, во летниот преоден рок за 40 милиони евра, од Вулверхемптон пристигна во Ливерпул.

Share
Scroll to Top