Донарума најдобар играч на ЕУРО 2020

Донарума најдобар играч на ЕУРО 2020

пред 3 години

Голманот на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобра играч на Европското првенство.

Новиот голман на ПСЖ, бранеше одлично во текот на целиот шампионат, а особено се исткна во пенал серијата во финалето против Англија. Откако Рашфорд ја погоди стативата во третата серија, Донарума потоа им ги одбрани пеналите на Санчо и Сака.

Донарума е прв голмн кој ја добива оваа награда. УЕФА наградата за најдобра играч ја доделува од 1996 година.

Донарума во фазата по групи не прими ниту еден гол, додека во нокаут-рундата на секој натпревар по еднаш ја вадеше топката од својата мрежа.

Share
Scroll to Top