Дуелот Јанис–Дурент му припадна на Гркот, Дончиќ не ги спаси Далас кај Сакраменто

Дуелот Јанис–Дурент му припадна на Гркот, Дончиќ не ги спаси Далас кај Сакраменто

пред 3 години

Кошаркарите на Милвоки ноќеска го победија со 117-114 тимот на Бруклин со што стигнаа до третиот триумф во последните 4 меча во НБА лигата. Бакси беа предводени од Јанис Адетокумбо кој постигна 49 поени, имаше 8 скока, 4 асистенции и 3 блокади.

Крис Мидлтон учествуваше во победата со 26 поени, 11 скока и 6 асистенции.

Кај Нетси Кевин Дурант беше најефикасен со 42 поени и 10 скока, а Кајри Ирвинг мечот го заврши со 20 поени, 7 скока и 6 асистенции.

Во тимот го немаше Џејмс Харден кој го пропушти 14-тиот меч во низа поради повреда.

Кошаркарите на Сакраменто со 111-99 стигнаа до трета победа во меѓусебните дуели сезонава против Далас.

Предводник на Кингси беше Бади Хилд со 27 поени и 6 скока, а го следеше Марвин Бегли со 23 поени и 9 скока.

Кај „телињата“ Лука Дончиќ постигна 30 поени со по 6 скока и асистенции.

Кошаркарите на Филаделфија по продолженија славеа на мечот со Сан Антонио 113-111, со погодокот на Бен Симонс во последните моменти.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џоел Ембид со 34 поени и 12 скока, Сет Кари броеше до 22, а Двајт Хауард придонесе со 14 поени и 11 скока.

Кај Спарси Лони Вокер беше најпрецзен со 23 поени, а Келдон Џонсон постигна 19.

Во останатите синоќешни мечеви кошаркарите на Феникс ја победија Оклахома со 123-120, Торонто славеше со 121-114 против ЛА Лејкерс, а Њујорк беше подобар од Хјустон со 122-97.

Мајами ја доби пресметката со Шарлот 121-111, а Портланд беше подобар од Бостон со 129-119.

Share
Scroll to Top