Евертон се „збратимија“ со Евертон!

Евертон се „збратимија“ со Евертон!

пред 4 години

Премиерлигашот Евертон ги зголеми своите врски со Јужна Америка, откако склучија ново партнерство со клубот со исто име од Чиле, Евертон Виња дел Мар.

Јужноамериканската врска на „Гудисон парк“ се зголеми во летниот преоден рок, кога пристигнаа Колумбиецот Хамес Родригез и Бразилецот Алан, а веќе во тимот беа уште еден Колумбиец, Јери Мина и уште еден Бразилец, Ришарлисон.

Сега, Евертон склучи партнерство со чилеанскиот Евертон и нивните сопственици „Групо Пачука“, компанија која има уште пет други клубови во Мексико и Аргентина.

„Нашата интернационална стратегија е дел од нашите планови за раст и ова стратешко партнерство му дава шанса на Евертон да расте во еден од најфудбалските региони во светот“, вели извршниот директор на Евертон, Дениз Барет-Баксендејл.

Евертон Виња дел Мар е клуб формиран во 1909 година од Чилеански фудбалери со англиско потекло и името е избрано по славниот англиски клуб.

Share
Scroll to Top