Европските шампионки со победа стартуваа на ОИ

Европските шампионки со победа стартуваа на ОИ

пред 3 години

Женската кошаркарска репрезентација на Србија, со драматична победа над Канада, го започна настапот на Олимписките игри. Актуелните европски шампионки, во последните две минути ја обезбедија победата од 72:68.

Србинките одиграа одлично првото и исклучително лошо второ полувреме. По првиот дел имаа предност од десет поени, која Канаѓанките ја поништија со агресивната игра во одбраната во третата четвртина.

Во решавачкиот период, клучна беше серијата од три тројки, која Србинките ја имаа на нешто помалку од три минути до крјот, кога минусот од два поени го претворија во плус од седум поени.

Соња Васиќ со 16 поени ја предводеше Србија, Ивон Андресон забележа 12 поени, шест скока и три асистенции, а Ана Дабовиќ меќот го заврши со 11 поени, шест скока и пет асистенции. Дабовиќ го имаше и најдобриот потег на мечот, асистенција во стилот на нејзиниот мешки колега Милош Теодосиќ.

Кај Канада се истакна Нура Филдс со 19 поени.

Share
Scroll to Top