Екс-олимписки вицешампион фатен со дрога вредна 1.6 милиони долари

Екс-олимписки вицешампион фатен со дрога вредна 1.6 милиони долари

пред 4 години

Поранешниот австралиски пливач и освојувач на олимписки медали Скот Милер (45) е обвинет дека предводел нарко-клан кој шверцувал метамфетамин. Милер денеска бил уапсен заедно со уште две лица во својот дом во Австралија, а кај нив биле пронајдени еден килограм хероин и други опојни дроги и пари.

При апсењето полицијата екс-олимпискиот вицешампион го нарекла „шеф на криминална банда“ кој ја продавал дрогата низ Нов Јужен Велс.

Милер од порано бил многу проблематичен, но сега Австралија е шокирана затоа што се работи за дрога вредна околу 1.6 милиони американски долари.

Скот Милер на ОИ во 1996 година освои сребрена и бронзена медаља, а беше и светски шампион во „лептир“ категорија.

Share
Scroll to Top