Елмас асистент, Наполи го победи Торино

Елмас асистент, Наполи го победи Торино

пред 2 години

Наполи го задржа максималниот ефект во Серија А. Во осмото коло, Наполи го победи Торино со 1:0. Наполи се врати на челната позиција на табелата со 24 бода, два повеќе од Милан и седум од Интер.

Фудбалерите на Наполи доминираа на теренот на стадионот „Диего Армандо Марадона“, пропуштија неколку шанси и порано да го решат победникот. Најдобрите ги имаа Лоренцо Инсиње не реализира пенал во првиот дел, неговиот удар го одбрани Вања Милинковиќ-Савиќ. Во второто полувреме, Лозано ја погоди стативата. Претходно поради офсајд, ВАР го поништи голот на Ди Лоренцо.

Свои шанси имаше и Торино, најдобрата ја пропушти Брекало во второто полувреме, кога Оспина го одбрани неговиот удар.

Решавачкиот момент на мечот се случи во 81.минута, кога одличната тимска акција со удар ја заврши Мертенс, голманот на Торино одбрани, еден од неговите играчи не успеа да ја избие топката, Елмас се постави пред него, топката се одби до Осимен кој со глава ја смести во голот.

Share
Scroll to Top