Еспирито Санто за судијата Мејсон: Веќе да не ми излегува пред очи

Еспирито Санто за судијата Мејсон: Веќе да не ми излегува пред очи

пред 3 години

Иако ретко ги коментира судиите, менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто влезе во неверојатен напад на судијата Ли Мејсон по 2:1 поразот од Барнли, велејќи дека се работи за човек кој едноставно нема квалитет да суди во Премиер лигата.

„Сите мечеви со Ли Мејсон се исти. Тој мора да биде многу подобар. Не се работи за одредена голема одлука, туку за тоа како го води мечот. Двата тима, фудбалерите ја губат концентрацијата бидејќи мораат да се расправаат со него за секоја одлука. Искрено, веќе не сакам да го погледнам, му кажав дека се надевам дека нема да има свирче за некој наш натпревар. Не може да ги контролира фудбалерите, нема квалитет за Премиер лигата“, изјави лутиот Еспирито Санто.

Како и во претходните случаи кога се коментирале одлуките на судиите, Португалецот сигурно го очекува казна од ФА.

Барнли преку „волците“ излезе од зоната за испаѓање

Share
Scroll to Top