ЕУРО 2020 може да почне! Македонија со „покер“ за Казахстан!

ЕУРО 2020 може да почне! Македонија со „покер“ за Казахстан!

пред 3 години

Македонската фудбалска репрезентација е подготвена за деби настапот на Европските првенства ова лето. Ова е опшиот впечаток по 4:0 победата над Казахстан во вториот пријателски натпревар пред вистинскиот тест на момците на Игор Ангеловски, мечевите со Австрија, Украина и Холандија, далеку пореномирани и поопасни противници.

Откако во првиот подготвителен меч, победата ни избега во последните минути од мечот со Словенија (1:1), овојпат немаше сомнеж кој е подобриот тим.

Резултатот го отвори ѕвездата на Лидс, Џани Алиоски, откако во 35. минута беше прецизен од белата точка по фаулот над Елиф Елмас. Работата на македонските репрезентативци стана полесна кога Серикан Мужиков доби црвен картон во финишот на полувремето.

Иван Тричковски стартерското место го оправда во 57. минута кога зголеми на 2:0, по што селекторот Ангеловски направи повеќе измени во нашиот тим, поставувајќи го во игра Александар Трајковски, кој одговори со две асистенции, прво до Милан Ристовски во 74. минута, а потоа и до Дарко Чурлинов две минути подоцна.

Фото: ФФМ

Share
Scroll to Top