Неодамна завршениот грен слем тениски турнир САД опен привлече големо внимание во светски рамки. Иако на прв поглед претпоставките се дека машкото финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев привлекло повеќе публика, сепак, барем за САД, тоа не е случај.
Финалната пресметка меѓу Ема Радукану и Лејла Фернандес бил погледан настан за разлика од финалето меѓу српскиот и рускиот тенисер.
На врвот од преносот од женското финале се закачиле 3,4 милиони луѓе, што е над 37% повеќе во однос на минатогодишното финале во кое Наоми Осака беше подобра од Викторија Азаренка. Ова беше најгледаното финале на САД опен уште од 2015 година, а во него да не учествува Серена Вилијамс.
Машкото финале, пак, го следеле 2,7 милиони Американци, дури 700.000 помалку во однос на женскиот двобој.
Во просек мечевите на терените во Њујорк годинава ги следеле околу 881.000 луѓе, а годинава првпат уште од 2004 година во машки и во женски сингл до титулата доаѓаат тенисери на кои ова им е прв грен слем.