Репрезентативецот на Полска, Пјотр Жила, го освои златниот медал на Светското првенство во Оберсдорф.
Жила до светската титула дојде со скоковите од 105 и 102,5 метри, кои му донесоа 268,8 поени.
Второто место му припадна на Германецот Карл Гајгер со скоковите од 103,5 и 102 метри, додека голем успех оставри Словенецот Анже Ланишек кој скокна 102,5 и 101 метри, што му беше доволно за да го освои бронзениот медал.
Еден од фаворитите Норвежанецот Егнер Гранеруд имаше лоша прва серија, во која скока 99 метри и на крајот мораше да се задоволи со четвртото место.