Зверев му ја зеде свршеницата на Лорис Кариус

Зверев му ја зеде свршеницата на Лорис Кариус

пред 3 години

Александер Зверев ги стави сите контроверзи околу неговиот личен живот на страна, објавувајќи дека е свршен со германската манекенка Софија Томалa.

Томалa, која е поранешна свршеничка на голманот на Ливерпул, Лорис Кариус, се познава со 24-годишниот германски тенисер подолго време, но во врска се од оваа година. Германецот има ќеркичка Мајла од претходната врска со манекенката Бренда Патеа, но најмногу контроверзи предизвика неговата поранешна врска со тенисерката Оља Шарипова, која го обвини дека ја тепал и ја злоставувал додека биле во врска. АТП турнејата една година по откривањето на скандалот потврди дека ќе се направи истрага.

На теренот, Зверев имаше одлична 2021 година, освојувајќи го олимпиското злато во Токио ова лето, и една Мастерс 1000 титула.

Share
Scroll to Top