Зенит Санкт Петерсбург имаше сензационално деби во плејофот на Евролигата, откако стигнаа до тесна 76:74 победа над прворангираниот тим на Барселона во „Палау Блауграна“.
Кевин Пангос постигна 14 поени од неговите 19 во првото полувреме за Зенит да имаат предност од 14 поени по првите 20 минути, пред Барса, која брка прво место на Фајанл форот од 2014 година, ја намалија разликата на 54:61 на крајот на третата четвртина.
Кајл Кјурик со своите 12 поени го направи финишот интересен, и на три минути пред крајот Зенит имаа само два поени предност. Кори Хигинс израмни на 68:68, а потоа Барса поведоа, пред Кеј Си Риверс со тројка да ја врати предноста.
Вториот меч е во петок.