Зидан со критики до Модриќ – беше „е.ено фантастичен“, сега е виновник!

Зидан со критики до Модриќ – беше „е.ено фантастичен“, сега е виновник!

пред 3 години

Реал Мадрид синоќа загуби со 2-1 во полуфиналето на шпанскиот Супер Куп и така остана без можноста за трофеј.
Иако пред неколку месеци тренерот на Кралевите, Зинедин Зидан го издвои хрватскиот интернационалец Лука Модриќ како „е.ено фантастичен“, сега тој токму него го смета за најголем виновник за поразот од тимот од Билбао.

„Не влеговме добро во мечот. Атлетик добро не притисна и поради тој пресинг губевме топки кои обично ги чиваме. Моравме да ја промениме тактиката со која го почнавме мечот затоа што не бевме задоволни со позицијата на Лука (Модриќ)“ – рече Зидан.

Хрватот беше поофанзивно настроен за разлика од обично. Тренерот на Реал се обиде со двоецот Бензема – Азар во шпис=цот, а зад нив беа Модриќ и Асенсио.

Сепак, високиот пресинг на Баскијците и непрецизноста во додавањата на играчите на Реал брзо го натераа Зизу на нова тактика. Веќе во 18 минута се врати во формација 4-3-3, но и тоа не помогна.

Модриќ не беше на висината на задачата, па во 67 минута беше заменет со Валверде.

Share
Scroll to Top