Златан прво прати пенал во небо, а потоа го спасуваше Милан од пораз

пред 3 години

Вечерта почна така што Златан Ибрахимовиќ доби награда за играч на месецот октомври во Серија А, а заврши со голот во 93. минута од Швеѓанецот за да се извлече 2:2 реми со Хелас Верона, откако претходно утна пенал. Откако во четвртокот заврши нивната серија без пораз од март со 0:3 поразот од Лил во Лига Европа, овојпат Хелас Верона им приреди кошмар на миланезите. Чехот Антонин Барак уште во шестата минута постигна гол по малку несмасната реакција на Џиџи Донарума, за веќе во 19-тата минута Давиде Калабрија да си постигне автогол за шокантно 0:2 водство на гостите. Милан успеа да врати еден гол кога Џанџакомо Мањани си постигна автогол во 27. минута, а по притисокот во второто полувреме, Ибрахимовиќ во 65. минута имаше шанса да израмни од белата точка, но ја прати топката високо над голот. Калабрија во 90-тата минута постигна гол кој беше поништен поради играње со рака, за во 93-тата минута Милан остана лидер во Серија А со 17 поени, два пред Сасуоло, додека Верона се искачи на осмото место место со 11 поени. Zlatan Ibrahimovic GOAL vs Verona Milan vs Hellas Verona 2-2 pic.twitter.com/wmku66WNnX — GabrieleDeGiorgi (@GabrieleDeGior8) November 8, 2020

Share
Scroll to Top