Зошто да не? На мерење пред меч во секси долна облека

Зошто да не? На мерење пред меч во секси долна облека

пред 4 години

Австралиската боксерка Ебани Бриџис предизвика многу контроверзи откако на мерењето пред нејзиниот меч за ВБА титулата во бантам категорија против Британката Шенон Куртенеј се појави во секси долна облека.

Бриџис, која кај боксерските фанови е позната како „Blonde Bomber“ (Русокосата бомба), претходно побара од боксерките да ја прифатат својата женственост, по што ривалката ја обвини дека покажува непочитување кон боксот.

„Но, сега нема да зборам. Сега е време за меч, и таму сум најдобра. Таа сака да зборува, јас сакам да удирам“, изјави Куртенеј по мерењето.

Бриџис, пак, на Британката и понуди на подарок пар „татковски гаќи“.

„Се обидов на Шенон да и дадам гаќи, но таа имаше свои. Тоа е слатко“, изјави Бриџис.

Share
Scroll to Top