Имобиле со гол во продолженијата ги однесе Лацио до четврт-финале на Копа Италија

Имобиле со гол во продолженијата ги однесе Лацио до четврт-финале на Копа Италија

пред 2 години

Чиро Имобиле со гол во 106. минута успеа да ги однесе Лацио во четврт-финалето на Италијанскиот куп, за минимална 1:0 победа над Удинезе на „Олимпико“ во Рим.

Со меч со груба игра и многу жолти картони, Имобиле влезе во игра во 76. минута, за во 106. минута да упати прекрасен лоб удар за победа на тимот на Маурицио Сари. „Лацијалите“ во четврт-финалето ќе гостуваат на Милан, кои минатата недела со 3:1 ја елиминираа Џенова.

Share
Scroll to Top