Имобиле ја продолжи победничката низа на Лацио

Имобиле ја продолжи победничката низа на Лацио

пред 3 години

Лацио стигна до шестата победа едноподруго во Серија А и вкупно осма во сите натпреварувања, откако капитенот Чиро Имобиле им донесе 1:0 победа над Каљари, со која се зголемија маките на клубот од Сардинија.

Имобиле се најде на вистинското место по асистенцијата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 61. минута по првото полувреме без голови, за уште еднаш да покаже дека е еден од најдобрите напаѓачи на денешницата. Ова е 13-ти гол во 18 меча во Серија А за капитенот, кој минатата сезона, да потсетиме, ја освои „златната копачка“ пред Роберт Левандовски од Баерн Минхен.

Тимот на Симоне Инзаги сега е на петтото место на табелата со 40 поени, колку што имаат и Рома пред нив, и девет зад лидерот Милан. Каљари, пак, останува на 18. место со 15 поени, еден зад Торино на „безбедното“ 17. место.

Share
Scroll to Top