Инвазија на Хрвати на Копенхаген, 3.500 влезници продадени за 4 часа

Инвазија на Хрвати на Копенхаген, 3.500 влезници продадени за 4 часа

пред 4 години

По пласманот на фудбалската репрезентација на Хрватска во осминафиналето на ЕУРО 2020, „коцкастите“ од Глазгов се селат во Копенхаген.

За само 4 часа, денеска од 11 до 15 часот се продадени 3.500 расположливи влезници за нивниот сектор на „Паркен“ стадионот, објави Хрватската фудбалска федерација и најави голема поддршка за фудбалерите.

Останува да се види колку хрватски навивачи ќе успеат да дојдат до влезниците кои УЕФА ќе ги пушти во слободна продажба.

Продажбата на влезниците за мечот меѓу Шпанија и Хрватска се движела од 50 евра (трета категорија), 125 евра (втора категорија) и 185 евра за прва категорија.

„Паркен“ е најмалиот стадион од сите 11 на кои се игра ЕУРО 2020, со капацитет од 38.000 места.

На првиот меч на Данска против Финска имало 15.200 гледачи, против Белгија имало 23.395 навивачи на трибините, а мечот со Русија на кој Данска забележа убедлива победа имало 23.644 гледачи.

Мечот на „Фуријата“ против „коцкастите“ се игра во понеделник од 18 часот. Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе вкрсти со подобриот од мечот меѓу Франција и Швајцарија.

Share
Scroll to Top