Интер(национале) од март ќе има ново име и грб

Интер(национале) од март ќе има ново име и грб

пред 3 години

Фудбалскиот клуб Интернационале од Милано, во светот познат под прекарот Интер, наскоро ќе го смени името и грбот.

На 9.март, кога клубот ќе го прослави 113 роденден „Football Club Internazionale Milano“ ќе замине во историјата, а клубот ќе продолжи да функционира под името Интер Милано.

Исто така клубот ќе го престави и новиот грб. Главни симболи на грбот ќе бидат буквите И и М. Грбот на Интер во 1908 година го дизајнирал Џорџо Муџани и до денес претрпел само мали измени.

Покрај името и грбот, славниот клуб, од наредната сезона ќе има и нов спонзор. На местото на Пирели влегува компанија Евергранде.

Share
Scroll to Top