Интер и Каљари преговараат за „идеална“ трампа помеѓу Раџа Наинголан и Леонардо Паолети, тврдат италијанските медиуми.
Наинголан одигра само 45 минути со „нераѕурите“ под Антонио Конте оваа сезона, а спортскиот директор на клубот Пјеро Аусилио призна дека тој може да замине во јануари.
„Веќе зборувавме со Раџа и се обидуваме да дознаеме какви се неговите потребни. Нормално е да сака повеќе простор. Интер не дава на никого ништо така, но ако можеме да се договориме, тогаш ќе одиме понатаму“, изјави Аусилио.
Наинголан би сакал по третпат да се врати на Сардинија, и според „Калчомеркато“, Интер би размислиле доколку Каљари го пушти Паволети, кој би бил поддршка за Ромелу Лукаку за „нераѕурите“. Паволети уште не е целосно опоравен од повредата на коленото од август 2019 и во 11 настапи оваа сезона има постигнато еден гол.