Интер со гол во 121. минута го „урна“ Јуве и го освои италијанскиот Суперкуп!

Интер со гол во 121. минута го „урна“ Јуве и го освои италијанскиот Суперкуп!

пред 3 години

Алексис Санчез, по шпекулациите дека ќе си замине од Интер, беше херојот на „нераѕурите“ кои на драматичен начин во 121. минута го „урнаа“ Јувентус за 2:1 победа и освојување на италијанскиот Суперкуп, додаден на минатогодишното скудето, и прва италијанска титула за нивниот тренер Симоне Инзаги.

На „Сан Сиро“, поведоа Јувентус во 25. минута со голот на Вестон Меккени, меѓутоа Интер бргу се врати во игра, откако само десет минути подоцна беше досуден пенал, кој Лаутаро Мартинез сигурно го реализираше.

До крајот на 90-те минути немаше гол, по што се премина на продолженија. Кога се сметаше дека мечот е завршен и ќе се оди на пенал-серија, Алексис Санчез со малку помош на несмасната одбрана на Јувентус дојде во шанса да го забие својот најважен гол во дресот на „нераѕурите“. За Јувентус, ова е само уште еден чин на лошата сезона во која ќе имаат тешка задача да влезат во топ 4 во Италија.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top