Италијанската тениска надеж ја освои првата АТП титула

Италијанската тениска надеж ја освои првата АТП титула

пред 3 години

Италијанскиот тенисер, 19-годишниот Јаник Синер ја освои титулата на АТП 250 турнирот во Софија, Бугарија. Тој до првиот трофеј во кариерата дојде по победата во финалето против Канаѓанецот Васек Поспишил со 2-1 (6:4, 3:6, 7:6).
Првиот сет му припадна на Италијанецот со само еден брејк во третиот гем.

Синер добро тргна и во вториот сет, уште на стартот направи брејк, но во продолжение двапати загуби на свој сервис и Поспишил израмни на 1-1.

Во третиот сет немаше брејк можности се до тај-брејкот во кој младиот Италијанец беше сконцентриран и со првата меч топка стигна до историски прв трофеј во кариерата.

Новак Ѓоковиќ неодамна рече дека гледа голем потенцијал во младиот тенисер.

„Гледам многу квалитет во младите играчи, Јаник Синер дефинитивно поседува игра која моќна и многу квалитетна, тој има потенцијал да стане најдобар светски тенисер“ рече Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top