Новиот играч на Манчестер Јунајтед Единсон Кавани проговорил за односот што го имал со најскапиот играч во светот Нејмар. Уругваецот и Бразиелцот до пред неколку месеци беа соиграчи во ПСЖ.
Француските медиуми во минатото долго време пишуваа за инцидентот што се случи помеѓу Нејмар и Кавани во текот на натпреваот со Лион.
„Неј е добро момче. Еднаш само имав проблем со него, на мечот со Лион. Сите се сеќаваат на тој натпревар. Се испокаравме, дури имаше расправија и во соблекувалната. Само тоа се случи, така што невистини се тврдењата дека не се согласуваме. Вистина е само дека сме многу различни како личности“, рекол Кавани.
„Сметам дека важно е во тимот да си пријател со сите додека си на теренот. Но не требаш да бидеш пројател со сите во соблекувалната и по натпреварите да поминуваш време со соиграчите по ручеци и вечери. Да имавме несогласувања, Да поинаку размислуваме, но тоа не е причина да немаме добро односи“, заклучил Уругваецот.