„Калчомеркато“: Донарума ќе си оди, доаѓа „единицата“ на Лил!

„Калчомеркато“: Донарума ќе си оди, доаѓа „единицата“ на Лил!

пред 3 години

Додека се уште траат преговорите на првиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума со клубот за продолжување на договорот, „Калчомеркато“ јавува дека „Росонерите“ веќе ги договориле деталите со голманот на Лил, Мик Мањан.

Договорот на Донарума истекува летоска, Милан му нуди нов двегодишен договор со плата од 8 милиони евра годишно, но тој сака само едногодишен договор. Уште еден од условите на репрезентативниот голман на Италија е Милан да игра во ЛШ идната сезона, во спротивно тој сака да си оди од „градот на модата“.

Иако има само 22 години, Донарума веќе има 245 настапи за „црно-црвените“.

Информациите кои доаѓаат од Италија се дека чуварот на мрежата на француски Лил кој е лидер на табелата во Лига 1, 25-годишниот репрезентативец на Франција се договорил за премин на „Сан Сиро“, останува уште договорот меѓу клубовите.

Share
Scroll to Top