Канаваро: Кога некој играч размислува како Погба, не може да биде меѓу најдобрите

Канаваро: Кога некој играч размислува како Погба, не може да биде меѓу најдобрите

пред 2 години

Фабио Канаваро, пензионираниот италијански дефанзивец и добитник на Златната топка во 2006 година, го коментираше Пол Погба. 48-годишниот Канаваро вели дека Погба го импресионирал како фудбалер, но смета дека во „последните години во Манчестер Јунајтед бил непрепознатлив“.

Италијанецот се сомнева дека Погба е целосно фокусиран на фудбалот, загрижен е дека имиџот му е на прво место.

„Кога некој играч размислува така, не може да биде меѓу најдобрите. Но, убеден сум дека сака да се одмазди при вториот престој во Италија“, прокоментира Канаваро.

За потсетување, Погба летово како слободен играч по втор пат во кариерата го напушти Манчестер Јунајтед и вторпат се врати во Јувентус.

Иако навивачите на клубот од Торино беа воодушевени од враќањето на Погба, тој го налути раководството на клубот бидејќи не сака да оди на операција на коленото и ќе се потпре на одмор и рехабилитација за да се подготви за настап со француската репрезентација на Светското првенство во Катар на крајот на годината.

Share
Scroll to Top