Канаваро: Меси ја заслужи Златната топка, Донарума е најдобриот во Италија

Канаваро: Меси ја заслужи Златната топка, Донарума е најдобриот во Италија

пред 3 години

Поранешниот капитен на фудбалската ререзентација на Италија, Фабио Канаваро ги прокоментира случувањата во светскиот фудбал, а најмногу комплименти подели на новиот чувар на ПСЖ – Џанлуиџи Донарума.

Чуварот на мрежата на „Азурите“ на ЕУРО 2020 беше прогласен за МВП на турнирот.

„Донарума е вистински шампион во тимот на Италија. Бев изненаден затоа што некои пред ЕП мислеа дека тој е просечен голман. Нема ништо просечно во врска со него – неверојатното е што има само 22 години. Ќе биде најдобар чувар на мрежата во наредните 10-15 години. Многу ми е драго што Кјелини го подигна трофејот. Во 2006 година кога го освоивме Мундијалот тој беше на трибините и гледаше. Играв со него, многу го почитувам. Што се однесува за Федерико Киеза, мислам дека тој е посилен во дуели од татко му, што мислам дека беше еден од ретките недостатоци на Енрико“ изјави 47-годишниот Фабио Канаваро за италијански „Тутоспорт“.

Италијанецот го кажа и неговиот кандидат за Златната топка.

„Мислам дека Меси треба да ја добие Златната топка – беше фантастичен на Копа Америка“ изјави некогашниот стопер на Наполи, Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Ал – Ахли.

Share
Scroll to Top