И со полни 42 години хрватскиот тенисер го помина второто квалификациско коло на САД опен. Само една победа го дели до пласман во главната фаза на грен слем турнирот иако моментно е 223. светски тенисер.
Карловиќ во три сета беше подобар од 137-от светски тенисер, Уго Делиен од Боливија со 7-5, 6-7 и 6-2.
Сега пред него е потешка задача – 32-годишниот Јапонец, Јуичи Сугита (117. на АТП листата).
Тој пред мечот со Хрватот со 2-0 го совлада Танасис Кокинакис (Австралија). Карловиќ досега двапати победувал во дуелите со јапонскиот тенисер.