Карлос Моја за Надал: Пред психoлошки колапс е!

Карлос Моја за Надал: Пред психoлошки колапс е!

пред 3 години

Поранешниот тенисер, Карлос Моја ја коментираше моменталната состојба во која се наоѓа шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал. Тој смета дека третиот на АТП листата во моментов се наоѓа во тешка психичка состојба.

„Сезоната на земјена подлога беше тешка, со многу физички и ментален напор. Рафа е исцеден. Пред 2 години беше на работ на психолошки колапс, одвај се извлече од тоа. Е сега е повторно близу до таа точка“ изјави Моја.

Надал не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос, каде Новак Ѓоковиќ го елиминираше во полуфиналето. Потоа Рафа го откажа настапот и на Олимписките игри во Токио, а нема да настапи ниту на Вимблдон.

Share
Scroll to Top