Квартараро на пол-позицијата во Ле Ман

Квартараро на пол-позицијата во Ле Ман

пред 4 години

Фабио Квартараро ќе стартува од пол-позицијата на деветтата трка во „кралската класа“, Големата награда на Франција. На домашната патека лидерот во генералниот пласман во последниот круг го забележа најдоброто време 1:31.315 минути.

Брилијантен круг во квалификациите имаше возачот на Прамак Дукати Џек Милер кој се најде веднаш за Квартараро. Првиот стратен ред пред утрешната трка го комплетираше Данило Петручи од Дукати.

Во вториот ред на стратот ќе бидат изненадувањето Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда), Маверик Вињалес (Јамаха) и Андреа Довициозо (Дукати).

Дветкратниот светски првак Валентино Роси забележа десетто најдобро време, пред него се Франческо Бањаја (Пракам Дукати), Пол Еспаргаро (КТМ) и Жоан Зарко (Авинтија).

Share
Scroll to Top