Келн преку Лајпциг си ги зголеми шансите за опстанок

Келн преку Лајпциг си ги зголеми шансите за опстанок

пред 4 години

Келн со изненадувачки 2:1 го совлада второпласираниот тим во Бундеслигата, РБ Лајпциг за да си ги зголеми шансите за опстанок во германската прва лига, иако уште е во зоната за испаѓање. Од друга страна, Лајпциг останува на -7 од Баерн во удар на шампионските амбиции на клубот на Ред бул.

Херој на „јарците“ беше дефанзивниот ветеран Јонас Хектор, кој прво ги донесе во водство во 46. минута, а откако Амаду Хајдара израмни во 59. минута, само минута подоцна го постигна победничкиот гол.

Лајпциг со 30 одиграни меча (од вкупно 34) имаат 7 поени помалку од Баерн (со 29 меча), додека Келн остануваат претпоследни со 26 поени, но сега се само на еден поен од безбедната зона, односно од 15-пласираниот тим на Арминија Билефелд.

Share
Scroll to Top