Кејн: Топките што ги дава Де Брујне се сон за секој напаѓач

Кејн: Топките што ги дава Де Брујне се сон за секој напаѓач

пред 3 години

Хари Кејн ќе биде една од ѕвездите во претстојниот преоден рок. Капитенот на Тотенхем, минатата недела, неколку пати изјави дека сака да го напушти клубот. Желбата на Кејн е јасна, сака да игра во клубот каде ќе може да освојува трофеи.

Хари Кејн е напаѓач од 100 и кусур милиони фунти. Прашање е дали некој клуб ги има тие пари, во ситуација кога сите се погодени од финансиската криза. Покрај тоа, заинтересираните треба да преговараат со Даниел Леви, а тоа не е ниту малку лесна задача.

Кејн, најавил дека ќе разговара со газдата на клубот, Леви, по завршувањето на сезоната. Ќе му каже дека има желба да го напушти клубот и дека сака да остане во Премиер лигата.

Англиските медиуми го поврзуваат со два клуба, Манчестер сити и Челси. Каде би сакал да игра Кејн, па една негова изјава открива буквално се.

„Кевин Де Брујне е навистина посебен фудбалер. Искрено, какви топки тој им дава на своите соиграчи, па тие се сон за секој напаѓач. Страшен играч, со најдобро чувство за асистенција што некогаш сум го видел“.

Хари Кејн, во кариерата, одиграл 334 натпревари за Тотенхем, постигнал 220 голови.

Share
Scroll to Top