Класата е вечна! Златан со неверојатна контрола за супер асистенција

Класата е вечна! Златан со неверојатна контрола за супер асистенција

пред 4 години

Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но уште еднаш покажа дека тоа е само бројка, со неверојатната контрола на топката и асистенцијата на денешниот меч против Удинезе.

Швеѓанецот ја смири топката прво со гради, а потоа и со нога, за да му асистира на Кеси за отварање на резултатот на „Фриули“, предизвикувајќи бура реакции на социјалните мрежи.