Клоп: Да ги имаа нашите проблеми и Сити немаше да бидат шампиони

Клоп: Да ги имаа нашите проблеми и Сити немаше да бидат шампиони

пред 3 години

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во пресрет на последниот натпрвар оваа сезона, рекол дека ниту Манчестер сити, ниту Манчестер јунајтед, не би ја освоиле титулата доколку биле соочени со проблемите кои ги имал неговиот тим.

Ливерпул, во раната фаза од сезоната, остана без двајцата централни дефанзивци, Вирџил ван Дајк и Џо Гомез, нивната замена Жоел Матип поради разни повреди пропушти две третини од сезоната.

На ова се надоврзаа и повредите на Џордан Хендерсон, Фабињо, Диого Жота, кои исто така пропиштија многу натпревари.

„Со повредите со кои се соочиваме невозможно беше да ја освоиме титулата. Сигурен сум дека и Сити немаа да успеат доколку им се повредеа тројца главни играчи од одбраната. Истото би им се случило и на Манчестер јунајтед. Сепак, доколку се пласираме во Лигата на шампиони, оваа сезона ќе биде успешна. Многу беше тешко да се игра во вакви услови, момците покажаа сила и храброст. Моите играчи имаат неверојатен карактер“, рекол Клоп.

Ливерпул пред натпреварот со Кристал Палас има ист број на бодови и подобра гол-разлика за четири гола од Лестер. Победа против Кристал Палас сигурно ќе ги однесе „црвените“ во Лигата на шампиони.

Share
Scroll to Top